Индонежанец си дојде дома седум часа по неговиот погреб

234

Жител на индонезиското село Гесикан, во покраината Источна Јава, се вратил дома седум часа по неговиот сопствен погреб, пушува порталот Asia One.

Сѐ започнало со сообраќајна несреќа во која загинал маж кај кого не биле најдени документи. Останките биле толку изобличени, што не можело да биде препознаено. Полицијата го утврдила сопственикот на мотоциклот, и се покажало дека станува збор за 40-годишниот градежен работник Сунарто, и утврдила дека токму тој загинал.

Трупот бил предаден на неговите роднини, кои не можеле да потврдат дека ги добиле останките на Сунарто. Во секој случај, покојникот бил погребан.

Меѓутоа, седум часа по погребот, Сунарто се вратил дома. Се покажало дека тој пред извесно време позајмил пари од својот пријател Вариим кому му го оставил мотоциклот како гаранција. Така, сега се чини дека настраданиот е Вариим.

Роднините на Вариим биле информирани за неговата смрт, но тие решиле да не погребуваат повторнот, туку само да го изменат натписот на надгробната плоча.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.