Индонезија го надмина бројот на заразени со корона вирус во Кина

Во Индонезија, во која живеат повеќе од 273 милиони луѓе, бројот на заразени со коронавирус го надмина бројот на заразени во Кина, откако во јужноазиската земја денеска се пријавени 1.752 новозаразени, пишува „Џакарта пост“.

Потврдени се вкупно 84.882 лица заразени со Ковид-19, со што Индонезија го надмина бројот на заразени во Кина, која има регистрирано 83.644 случаи, соопшти Министерството за здравство Бројот на смртни случаи се зголеми на 4.016, откако беа пријавени 59 смртни случаи во последните 24 часа, изјави портпаролот на Министерството за здравство и портпарол на кризниот штаб Ахмад Јуријанто.