Индонезија избра локација за нов главен град

Индонезија ќе го игради својот нов главен град во покраината Источен Калимантан на островот Борнео, го цитираа во четвртокот медиумите министерот за просторно планирање Софјан Џалил.

Идонезискиот претседател Џоко Видодо минатата седмица формално му предложи на парламентот преселување на главниот град од Џакарта, пренаселен и загаден град кој тоне со 10 милиони жители на Калимантан.

Индонезиската страна на островот Борбнео има пет провинции, познати по своите тропски шуми, орангутаните и резервите од јаглен.

„Да, Источен Калимантан, но сѐ уште не знаме каде точно“, рекоч Џалил за порталот Detik.com запрашан дали Источен Калимантан е избран за место за новата престолнина.

Владата има 3.000 хектари земјиште во покраината во покраината за првата фаза од развојот на градот, додал Џалил. Медиумите претходно нагаѓаа дека претседателот Видото ги ја избере областа Букит Соехарто на Источен Калимантан или градот Самбоја

Бамванд Бродџонегроро, шеф на националната агенција за просторно планиорање Bappenas, неодамна рече дека за подобра поврзаност на архиплагот, главниот град мора да биде град на брегот.

„Владата сѐ уште не донесе одлука за новата локација на главниот град“, рече Кенеди Саманјунтак, заменик директор на Bappenas.

Преместувањето на административниот центар би чинел околу 33 милиони американски долари, а во таа цена се вклучени и канцелариите за новата влада и домовите за околу 1,5 милиони државни службеници чиешто доаѓање се очекува во 2024 година, според агенцијата за простолно планирање.