Индустриското производство бележи пораст кај Преработувачката индустрија

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 103.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 15.8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.6 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10.6 отсто, Капитални производи за 0.1 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 11.9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 9.1 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2013 година, во однос на периодот јануари – ноември 2012 година, изнесува 102.6.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.