Индустриското производство и преработувачката индустрија се во длабока негатива, нема да биде подобро, вели Мицкоски

Два клучни параметри според кои се оценува растот на економијата се индустриското производство и преработувачката индустрија. Во четвртиот квартал македонското индустриско производство и преработувачката индустрија се во длабока негатива. Споредено со другите земји од регионот, Македонија е убедливо на дното. Имено, индустриското производство во декември бележи пад од 1,3%, во ноември негативата е 3,7%, а во октомври падот е 5,3%. Намалувањето на индустриското производство во четвртиот квартал е околу 3,4%, а за цела 2022 година падот на индустриското производство е 0,3%, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Слична е состојбата со преработувачката индустрија имено, во декември бележи пад од 2,3%, во ноември негативата е 5,6%, а во октомври падот е 4%. Намалувањето на преработувачката индустрија во четвртиот квартал е околу 4%, а за цела 2022 година падот на преработувачката индустрија е 1,1%.

Наместо раст после рецесијата со корона кризата, македонската влада бележи нови минуси.

Со оваа влада нема да биде подобро, туку само полошо и драматично тешко за сите граѓани. Затоа потребни се избори за Македонија да почне да победува. Потребни се избори за крај на политичките криминалци и измамници, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.