Инфантино: Ми се плаче за Италија, ама Македонија покажа зашто е убав фудбалот!

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино призна дека му се плачело за елиминацијата на Италија во мундијалското полуфинале од плејофот после шокантниот пораз од Македонија.

Италија вторпат по ред нема да игра на едно Светско првенство, откако го пропушти и тоа во 2018 година во Русија, што е трагедија на Апенините, а тешко таа елиминација ја прифати и Инфантино.

„Да бидам искрен, како фудбалски фан ми се плаче што Италија нема да игра на Мундијалот. За сите Италијанци тоа е многу тажно, ова е втор Мундијал по ред на кој нема да играат. Дури и ако се пласираат на следното светско првенство, тоа ќе значи дека ќе играат Светско првенство после 12 години, што секако е голем шок за таква велесила. Но, таков е фудбалот. Македонија покажа зошто е толку убава фудбалот. На СП играат 32 селекции, на секои четири години и така е засега, а за понатаму – ќе видиме“, рече Инфантино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.