Инфантино отсече: Нема да има повеќе трансфери за 100 милиони евра фудбал

ФИФА сака да предложи опции за правна заштита на играчите во врска со пандемијата на коронавирус, изјави Џани Инфантино, претседател на Централата.

Голем број на тимови, меѓу кои Вердер Бремен, Борусија Менхенгладбах, Олимпик Лион и Хартс, најавија дека ќе ја намалат платата на играчите поради глобалната пандемија.

Тој најави и декаќе се стави крај на трансферите врдни над 100 милиони евра.

– Бројките беа превисоки, се трошеа 100 милиони евра по играч. Но, тоа ќе се промени, нема да има повеќе вакви трансфери. Проблемот е што клубовите што го потпишуваат договорот никогаш нема да ги вратат парите. Таксите ќе бидат намалени, рече Инфантино во интервју за „Марка“.