Инфантино во посета на Косово

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, ќе престојува денеска во Косово на средби со челниците на државните институции, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според агендата, Инфантино попладне ќе го посети и седиштето на Фудбалската федерација на Косово (ФФК), по што со нејзиниот претседател, Агим Адеми, ќе одржат заедничка прес-конференција.

Ова е прва посета на претседател на ФИФА од приемот на Косово во светското фудбалско семејство, во мај 2016 година.

Инфантино вчера престојуваше во официјална посета на Албанија.