Инфлацијата во Австрија го достигна рекордното ниво од 1981-ва

Стапката на инфлацијата во Австрија во март годинава се искачила на 6,8 отсто, со што го достигна највисокото ниво од 1981 година, соопшти во чевтртокот државниот завод за статика Statistik Austria.

„Животот во Австрија (…) стана поскап од која и да е во последните 40 години. Нивото на инфлацијата во март 2022 година изнесуваше 6,8 отсто. Стапката на инфалцијата последен пат беше толку висока во ноември 1981 година, на 7,0 отсто“, се наведува во соопштението на Тобијас Томас, генералниот директор на австриското биро за статистика.

Главниот двигател на инфлацијата во Австрија и натаму е растот на цената на енергенстите, појаснуваат статистичарите. Истовремено, забележуваат дека цената на електричната енергија е двојно зголемена. Притоа истакнуваат дека без поскашувањата на енергенсите, стапката на инфлацијата би изнесувала само 4,7 отсто во март.

Во февраури годинава австриското биро за статистика пресмета дека инфлацијата се искачила на нивото од 5,9 отсто, достигнувајќи го максимумот од 1984 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.