Инфлацијата во Германија во октомври на највисоко ниво во 28 години

Инфлацијата во Германија го достигнала во октомври нависокото ниво во последните 28 години, поттикната од растот на цените на енергиите и ниската споредбана основица во 2020 година кога привремено намалениот данок на додадена вредност (ДДВ) на некои прозиводи, извести во средата германското биро за статистика.

Потрошувачките цени во Германија во октомври биле за 4,5 отсто поголеми отколку во истиот месец минатата 2020 година, потврди Destatis.

Станува збор за највисоката стапка на инфлацијата од август 1993 година кога изнесуваше 4,6 отсто. Во септември годинава, пак, цените на годишно ниво се зголемија за 4,1 отсто.

Инфалцијата веќе со месеции ја поттикнува силниот раст на цените на енергиите, кои во октомври биле повисоки за 18,6 отсто отколку во истиот минатодишен откомври, покажуваат официјалните податоци. Цената на мазутите двојно се повисокот отколку во октомври 2020-та.

Кога ќе се исклучат енергенсите, цените во октомври пораснале за 3,1 отсто во односни на минатогодиошниот ист месец.

Од Destatis ја издвојуваат и ниската споредбена основица во втората половина од 2020 година кога владата привремено ја намали стапката на ДДВ-то, за да ја поттикне потрошувачката во кризата предизвикана од коронавирусот и проблемите во нарачките.