Инфо центар за промоција на фасцинантниот локалитет „Куклица“

Кратовскиот локалитет од година на година станува се попосетувано место и за странските туристи, но, сепак иако уникатните и претпознатливи камени кукли се високо етаблирани во туристичка мапа на Македонија, сепак недостигаше негова соодветна промоција.

Локалитетот Камени Кули, познат и како Куклица, којшто од 2008 година со закон е заштитен како природна реткост во Македонија, доби Инфо центар. Овој проект е финансиран од Европската унија, а го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Преку Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, вредна над четири милиони евра, за заштита и промоција на Куклица обезбедени се 65.000 евра.

Кратовскиот локалитет од година на година станува се попосетувано место и за странските туристи, но, сепак иако уникатните и претпознатливи камени кукли се високо етаблирани во туристичка мапа на Македонија, сепак недостигаше негова соодветна промоција.

На отворањето на новиот Инфо центар, како содржина која би била од голема важност токму за промоцијата на локалитеот, присуствуваше амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар, Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Нарине Сахакјан и градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев.

„Прв збор што ми паѓа на памет овде е збород горд. Треба да сте горди на Евровизија, на првото место во ракомет во Европската лига на шампиони, на извештајот од Европската унија, на екоактивистите што ја чистат земјата, горди на бисерите на природата како што е овој во Куклица“, истакна Жбогар.

Тој воедно упати апел до власта, дека за да се биде горд, треба да се биде и одговорен кон природата и природните убавини, потенцирајќи и дека Охридското Езеро е навистина во опасност.

„Апелирам гордоста да не се претвори во срам. Втората порака е до граѓаните. Овде за проектот во Куклица сме партнери со УНДП и со општината, со невладината организација „Извор“ помогнавме да се реконструира и заштити овој споменик на културата и да донесеме повеќе туристи. Туристите не доаѓаат овде за да гледаат расфрлани шишиња по тревата и затоа мојот апел до граѓаните е да бидете горди и да ја зачувате чиста околината. Слоганот на нашата кампања е: „Чисто како дома исто“ и ајде да се обидеме да ја сочуваме природата“, посочи Жбогар.

Постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахакјан, ги истакна клучните принципи и цели на проектот Куклица и програмата за заштита во целост.

„Заштитата на биодиверзитетот и подобрувањето на управувањето со заштитените подрачја бара заложби, иновативни пристапи и трансформација. Овој проект што го промовираме денеска има цел да иницира промена на начинот на кој земјата управува со своите национални ресурси преку создавање примери кои ќе покажат дека заштитата на приордните ресурси води кон социјални и економски придобивки“, рече Сахакјан.

„Куклица е од големо значење за Кратово“, изјави градоначалникот Љупчо Бојаџиев. „Но, исто така ова место е важно и за целата земја како вреден Споменик на природата. Со овој проект даваме пример како да се грижиме за нашето природно и културно богатство“.

Методија Саздов, проектниот менаџер за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, програма финансиран од ЕУ, а се спроведува од УНДП, вели дека Проектот за Куклица, кој се реализира и во соранотка со Министерството за животна средина, е дел од програма која вклучува 17 проекти со разни заштитени подрачја. Постојат и дополнителни осум проекти кои се однесуваат на големи заштитени подрачја, као што се Националните паркови и езера. а според коишто се предвидува и изградба на две пречистителни станици, во Вевчани и во подножјето на Националниот парк Пелистер.

Методија Саздов, проектен менаџер

„Проектот со Куклица предвидува детерминирање на ризиците во заштитеното подрачје. Беше подготвена студија за геодиверзитет, за проблемите со кои се соочува локалитетот, за мерки коишто треба да се преземат, како и за негоово зачувување и заштита. Веќе е изведен Инфо центар за посетители, кој освен информативен има и едукативен карактер. Да помогне во самоодржливоста во управувањето со заштитетонто подраче преку продажба на сувернири и промотивни материјали. На самото подрачје, многу малку се интервенираше и тоа само во делот на заштита од ерозија. Ископани се канали за вода, со цел да се намали негативното влијание на големите води врз самото заштитено подрачје. Поставена е и туриистичка инфраструктура за посетители, летниковци, клупи, информативни табли… Подготовката на веб-страницата е во тек, а предвидени се и активноти за обука на водичи од локалното населние, со цел да можат соодветно да ги пренесат вредностите на заштитеното подрачје на посетителите“, објасни Саздов.

На локалитетот Куклица има околу 150 камени столбови (кукли) настанати во вулкански туфови и бречи, кои се особено чувствителни на површинско раздробување и еродирање. Карпите од кои се изградени „куклите“ се стари помеѓу 10 и 20 милиони години, а самите форми започнале да се создаваат пред околу 50 илјади години . По големината, бројот и изгледот на куклите, типот на карпите, оваа појава е уникатна во Македонија но и пошироко.

Легендата која ја раскажуваат мештаните вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Една девојка била бескраjно многу вљубена во своето момче, но на крајот, момчето одбрало друга девојка за своја невеста. Од голема болка поради несреќната љубов, оставената девојка ги проколнала идните младенци. Кога дошол свадбениот ден, се собрале сватовите, веселбата почнала, но во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се исполнила и сите свадбари, како и невестата и младоженецот се скамениле.
Селаните го викаат местото „Весела свадба” бидејќи сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка.