Инфографика: Турција – најголемата депонија на ЕУ

 

Извозот на отпаден материјал од земјите членки на ЕУ во земјите надвор од Унијата од 2004 година се зголеми за две третини (66 проценти), но беше стабилен од 2018 до 2019 година.

Во 2019 година Европската унија извезе 31 милион тони отпадни материјали, во вредност од 13.4 милиони евра, се наведува во извештајот на Евростат.

Од друга страна, опаѓа увозот на отпадни материјали во ЕУ. Минатата година членките на Унијата увезоа 16.7 милиони тони отпадни материјали, два проценти помалку од 2018 година и шест проценти помалку од 2004 година. Вредноста на увезениот материјал е 11.8 милијарди евра во 2019 година.

Најмногу се увезува во Турција, најмногу извезува Велика Британија

Европската унија убедливо увезува најмногу отпаден материјал во Турција, околу 11,4 милиони тони во 2019 година, речиси трипати повеќе од 2004 година. Втората дестинација е Индија, каде се увезува околу 2,9 милиони тони отпаден материјал. На трето место е Велика Британија со 1,9 милиони тони, Швајцарија (1,6 милиони тони) и Норвешка (1,5 милиони тони).

Извозот во Индонезија значително се зголеми во минатите години, од 0,4 милиони тони во 2016 година, до 1,3 милиони тони во 2019 година. Од друга страна, извозот на отпаден материјал во Кина опадна од 10,1 милиони тони во 2009 година на 1,2 милиони тони во 2019 година.

Членките на ЕУ во 2019 година најмногу отпадни материјали извезувале од Велика Британија (четири милиони тони), Норвешка (3,1 милиони тони) и Швајцарија (2,4 милиони тони).

Најмногу се извезува отпадно железо

Околу 15,6 милиони тони отпадно железо се извезени, што сочинува половина од извезените отпадни материјали. Речиси две третини (63 проценти) од тоа се извезени во Турција, односно 9,9 милиони тони. Од друга страна, ЕУ извезе вкупно 4,2 милиони тони отпадно железо, речиси една третина (32 отсто) од тоа се извезени од Велика Британија.

Иако во многу помал обем, вториот отпаден материјал по извоз, но и увоз е хартија. ЕУ минатата година извезе 5,8 милиони тони хартиен отпад. Најмногу е увезен во Индија (1,1 милион тони) и Турција (0,7 милиони тони). ЕУ, исто така, увезе 2,5 милиони тони хартиен отпад и повторно најмногу пристигна од Велика Британија, 1,1 тони.