Инфомакс: Димитров знаел за изнудата, но наместо да пpиjaви се сретнал со рекетираниот бизнисмен

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, иако повеќепати негираше, знаел за рекотот на Бојан Јовановски – „Боки 13“ и Зоран Милески „Кичеец“ со закрила од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но наместо да го пријави случајот по повикал бизнисменот на состанок, покажуваат записниците од случајот Рекет, на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал во кои увид имал порталот Инфомакс.

Како што се наведува во текстот на авторот Алескандар Митовски, објавата на извадоците од записникот во врска со случајот „Рекет, следуваат откако Никола Димитров во дебатата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, претходно седмицава на телевизијата 24Вести, шефот на дипломатијата, во врска со одлуката со која „Инфомакс“ беше „осуден“ од страна на Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, а на барање на  Димитров кој се почувствувал навреден затоа што бил споменат во еден од исказите на сведоците во врска со аферата „Рекет“.

 

Авторот натаму појаснува дека Димитров се жалел затоа што била објавена само првата страница од записникот, а тоа што не сме ја објавиле било прекршување на член 1 од Новинарскиот кодекс, иако, од СЕММ заборавиле дека новинар кој се повикува на документ не може да клевети ниту да навредува. Авторот се повикува на документ. Во овој случај на исказ што го кажал некој друг, на и сега, објавена е само првата страна од одлуката.

„Но, бидејќи  Димитров повеќепати потенцираше дека тој ниту знаел, а ако знаел за рекетот кој му го пријавил еден нерезидентен амбасадор ќе пријавел во Обвинителството, еве јас ќе го потсетам за хронологијата на настаните, но и дека навистина знаел дека еден бизнисмен (помеѓу останатите) бил жртва на рекетот на СЈО, Боки Тредичи, Кичеец, кои пак пред да бидат пријавени биле предупредени од Зоран Заев да престанат комуникација со Орце Камчев кој најавил кривична пријава токму кај премиерот.

Во исказот на еден бизнисмен од источна Македонија, да не речам од центарот на истокот, токму Никола Димитров се споменува како човекот кој меѓу првите добива информација дека во земјата се организира огромна рекетаркска операција за која знаеле токму во врвот на владата, но не и Димитров. Барем не до тој момент.

Бизнисменот, кој се занимава со производство на вино (најчесто за ивоз), во својот исказ како сведок во Обвинителството објаснува дека Димитров во еден момент му се јавил на телефон и се обидел да го повика во министерството за да разговараат. Бизнисменот одбил. Никола Димитров наместо да пријави, молчел.

– Во периодот октомври ноември 2018 година лицето ……. …………. адвокат од Штип, со телефонски број 070/2………………, кој ми е и кумашин и воедно правник на моите компании „Е….“ ми пристапи и ми кажа дека бил на средба во телевизијата на Бојан Јовановски „1ТВ“, и ми раскажа што се случило, бил повкан таму, помислил во својство на адвокатм дека ќе пружа адвокатски услуги на телевизијата, но бил видно изненаден кога  состанокот, сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски почнал разговор за мене, како јас сум имал проблеми со СЈО и дека доколку сакам да ми биде полесна ситуацијата да платам два милиони евра. – вели сведокот на крајот на првата и почетокот на втората страница од записникот од испрашувањето, водено од Вилма Русковска.

Интересно е што бизнисменот е и конзул на една европска земја. Поточно на Латвија, земја чие знаме беше по грешка ставено за пречекот на Австрискиот канцелар Себастијан Курц во Македонија, токму во овој период.

По кажување на сведокот, неговиот адвокат на состанокот со Бојан Јовановски бурно реагирал, прашувајќи го дали тоа од компанијата на бизнисменот се бара рекет. На ова, Боки Тредичи одговорил потврдно, објаснувајќи дека ако тоа не го направат – ако не исплатат два милиони евра – бизнисменот ќе има поголеми проблеми во врска со предметот „Поштенска Банка“.

Тој, Тредичи понатаму објаснувал дека знае дека адвокатот има пристап до сметките на бизнисменот и дека треба што побрзо да се реши ова нивно барање за рекет. Откако одбиле, бизнисменот добил посета од истражители на СЈО во неговата компанија но и обвинение за случајот.

За да го убеди во сериозноста на тоа што го зборува, Бојан Јовановски го запознал адвокатот на бизнисменот и со синот на Катица Јанева, Лазар Јанев инаку тогаш вработен како маркетинг директор во телевизијата „1ТВ“ но и единствен вработен во „БМЈ Медиа Груп“ заедно со таткот на Боки Тредичи и Јасна Мандиќ.

 – Испуштив да кажам дека додека …… бил во просториите на 1 ТВ и разговарал со Бојан Јовановски, Бојан повикал некое лице кое влегло и се запознало со …….. и Бојан кажал дека тоа е синот на Катица Јанева. Како точно било ќе ви каже …… ………. затоа што јас ова го знам по негово кажување. – вели бизнисменот од источна Македонија во својот исказ на втората страница од записнкот, некаде на средина на страницата.

После ова, вели бизнисменот во исказот, Бојан се обидувал преку разни луѓе да стапи во контакт со него, но безуспешно. Сепак, бизнисменот бил исплашен од ситуацијата која се одвивала во државата бидејќи во тој период Катица Јанева била многу моќна – според кажувањата на бизнисменот – а бил отворен и предметот „Империја“ по кој во притвор завршиле бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски и други бизнисмени. Ова го исплашило бизнисменот, кој одлучил да го информира амбасадорот на земјата на која е почесен конзул.

 – Јас веќе 12 години сум почесен конзул на Латвија и за ова што ми се случува усмено го известив амбасадорот  кој е нерезидентен амбасадор за Македонија, а во тоа време беше амбсадор во …. Тој го информирал министерот за надворешни работи на Република Македонија Димитров, кој преку неговиот кабинет побара да се видат со мене. Јас не остварив таква средба од причина што не сакав таков срам јавно да излезе, тоа не би било добро за целата држава. – вели бизнисменот во своето сведочење, на втората страница од записникот, при крајот на страницата.

И сега се поставува прашањето. Зошто Никола Димитров, како и Зоран Заев, Фросина Ременски и останатите споменати во записниците на сведоците кои биле жртви на рекетот, лажат?

До каде е постапката со тужбите до мене и „Инфомакс“? Или не ви одговара да се соочиме на суд, на јавно рочиште во присуство на сите медиуми?

Тоа што дополнително ја прави состојбата тажна е фактот што од еснафското здружение СЕММ се ставија во служба на политиката, па наместо да го заштитат новинарскиот интегритет, јавниот интерес и слободата на говорот, тие се обидуваат да делуваат во насока на олеснување на процесите за политичарите кои се вмешани во афери. Тажно.

Бизнисменот во својот исказ дополнува дека по ова јавување од кабинетот на МНР Димитров се одлучил да ги исклучи мобилните телефони и да замине во Бугарија, во Банско на два месеци за да се сокрие од притисокот кој го чувствувал.

 – Ова го направив од причина што не можев повеќе да го издржам притисокот. Сакам да напоменам дека ова не го пријавив никаде од причина што Бојан цело време по социјалните мрежи ги употребуваше јавите личности и тоа министри, обвинители, вклучително и вас (се мисли на Вилма Русковска која го води испрашувањето). – вели сведокот на крјаот на втората страница од исказот даден во Обвиителството за организиран криминал и корупција.

Замислете, бизнисмен кој 25 години работи речиси исклучително извозно ориентирано, кој донел сериозни суми на девизен прилив во земјава се чувствувал загрозен и не можел да пријави дека некој сака да го рекетира бидејќи не верувал во институциите чии претставници се фотографирале со рекетарот, кој пак бил диригиран од еден моќен властодржец во земјава.

Мизерно, нели?

Но на крајот, еве министре Димитров кажете – сте знаеле или не за рекетот, и зошто не сте пријавиле во Обвинителство итно? Со кого мислевте дека ќе можете да изманипулирате? Сметате дека граѓаните се недоветни? Дека новинарите нема да го најдат вистинскиот одговор и дека ќе ви веруваат на вас? Не, вие одамна го загубивте кредибилиетот кој ви даваше за можност да веруваме во тоа што го кажувате“, пишува Митовски.