Инфомакс: Што вика „катиљ“ ферманот на другиот сведок во ,,Рекет’’?

  • „Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13 го познавам неколку години наназад, Се сеќавам втората половина на месец јануари 2019 година со друштво седев во кафе бар „Круг“ кога се појави Боки и пријде да се поздравиме. Ми кажа дека деновиве треба да се видиме“- сведочи едно од лицата повикани од Обвинителството за организиран кпиниминал и копупција во исказ даден во врска со аферата Рекет, а директно ја поврзува владата со рекетарскиот поход на Боки 13 и Катица Јанева, се наведува во текстот на Инфомакс.мк.

Понатаму, авторот на текстот вели дека високи функционери на власта биле добро запознати со активностите на Боки 13 и Катица Јанева јасно може да се види и од исказ на сведок во врска со случајот Рекеет, инаку бивш директор на една од најголемите телекомуникациски компании во Република Македонија. Сведокот објаснува дека Боки 13 му пренел оти Владата била подготвена да му помогне тој да стане директор на Македонски телеком а за возврат овој би требало да доделува тендери на компании кои Боки ќе му ги каже.

„На 31.01.2019 година на телефон ми се јави Зоран Милевски по прекар Зоки Кичевскиот и ми кажа дека Бојан односно Боки сака да се види дословно следниот ден во 13.00 ч во неговата канцеларија во 1ТВ. Јас се согласив и дента ми го презакажаа состанокот во 13.30 ч по порака која ми ја прати Зоки Кичевскиот“- вели сведокот во својот исказ на втората страница од записникот на почетокот од истиот.

Понатаму дообјаснува дека тој отишол во 1ТВ и по тесни скали се качил во кабинетот на Боки 13 и таму веќе биле Боки и Зоки Кичевскиот.

„Најнапред почнавме да разговаме на општи теми, по што Боки кажа дека Владата не била задоволна од сегашниот генерален директор на Телеком и дека сакаат мене да ме постават за генерален директор“ – вели сведокот во својот исказ.

Тој објаснува дека на Боки и Зоки им кажал дека бидејќи работел подолго време во телекомуникацискиот бизнис оти генерален директор на телеком поставува Дојче Телеком кои е и сопственик на Македонски Телеком. Тој им објаснил дека Владата може да биде консултирана, но и не мора.

„Боки и Зоки кажаа дека тоа може да се среди дека може да ургира владата јас да бидам поставен за генерален директор и ако бидам поставен во Телеком Македонија чекале на реализација на неколку проекти да се потпишат и треба да ги дадам тие проекти на фирми кои ќе ми ги каже Боки“- сведочи потенцијалниот генерален директор во сведоштво пред Обвинителството за организиран кпиминал и корупција.

Тој им објаснил дека тендери не може да дава на фирми, особено заради тоа што во сопственичката структура на Македонски Телеком фигурира и државата. Да доделува тендери на кого сака било можно во претходната компанија каде што бил директор, но таа била чисто приватна.

Но Боки инсистирал дека тој има поддршка од Владата и сѐ ќе било средено – „Боки ми рече дека тој има поддршка од Владата и дека сето тоа може да се среди“, кажува сведокот, сведочејќи за убеденоста дека Владата делува преку него.

Откако не добил одговор на понудата, Боки започнал и со својата класична рекет шема кажувајќи му на сведокот оти тој (Боки) знаел дека овој контактира со Кондоминас.

„Се сеќавам дека на кратко Зоки Милевски излезе од канцеларијата, зборуваше со некој на телефон, се врати, по што Боки ми кажа дека знае да јас имам конатакт со Кондоминас и да се поврзам со истиот“ – пишува во сведоштвото на втората страница од записникот некаде на средина од истиот.

Кога го прашал зошто, Боки му одговорил дека предеметот за Телеком го преземало СЈО и дека ќе започне истрага против внукот на Кондоминас, Михалис Кефалојанис, од причина што Михалис бил член на бордот на директори на Телеком. Сведокот му објаснувал на Боки дека делото за Телеком е застарено и дека не може да има истрага, на што Боки му одговорил дека има работи кои не биле застарени.

„Боки тогаш ми кажа дека има работи кои не се застарени и дека СЈО ќе почне сериозна истрага, меѓу другите и за Михалис Кефалојанис. Јас му кажав дека за Михалис пријавата е отфрлена упте кога беше пеетходната влада, на што Бики го зема телефонот, заврти број и телефонот го вклучи на интерфон“, кажува сведокот на втората страница од записникот.

Сведокот понатаму објаснува дека на другата страна на линијата била Катица Јанева, а тој бил запрепастен од односот на Боки кон Катица. Таа според исказот на сведокот се однесувала како да му е потчинета на Боки Тредичи.

„Тој ја праша ‘Катице, седам со луѓе во врска со предметот за Телеком, што го презема, нели тој не е застарен и Врховен што ги прогласи за застарени се работи за лицето знаеш Михалис Кефалојанис, Гркот, за него предметот овие го отфрлија, нели тоа ништо не е завршено ти почнуваш од почеток“ – кажува сведокот во својот исказ на втората страница при крајот на страницата.

На ова Катица одговорила дека предметот бил ставен на листа и дека СЈО си го работело предметот – „Да Лиле го стави на листа тој предмет ние си го работиме“, му рекла Катица на Боки, сведочи сведокот и продолжува „После тоа Боки и кажа ‘Добро ќе се видиме вечер секако ќе ти објаснам сѐ за тоа…“

Сведокот бил запрепастен од тоа што го слушнал па на Боки му рекол дека и ако му се јави што да му каже на Кондоминас, за колку ќе се завршела работата- милион или два.

„На тоа Боки одговори каков милион два, треба многу повеќе да се плати, се работи за голем предмет. Исто така ми кажа дека доколку не се плати Михалис ќе биде на листа на Интеппол и дека нема да може да излезе од Грција. Тука сакам да појаснам дека семејството на Кондоминас е многу влијателно во Грција и Нова демократија, а исто така се многу влијателни во Европа, затоа што се екстремно богати“, сведочи несудениот генерален директор на Македонски телеком пред Обвинителството за организиран криминал и корупција на втората страница од записникот пред крајот на страницата.

За целото време сведокот вели дека Зоки Кичеец молчел и бил коректен, а кога тој го прашал дали се сееиозни за ова, Зоки само кратко одговорил „Најјак е братот“ покажувајќи кон Боки Тредичи.

За малку сведокот ќе пропуштел да каже, вели тој во записникот, оти Боки ќе средел со уредниците на неговата телевизија овој предмет да добие подлога за гонење доколку бараното од него не биде исполнето.

„Пропуштив да кажам дека Боки кога разговаравме за Михалис ми рече дека он ќе ги собере уредниците од неговата телевизија, преку истите ќе направи подлога за гонење на Михалис, дека се отвара случајот и дека тоа ќе оди постојано на телевизијата, а порталите ќе преземат од телевизијата“, сведочи сведокот на крајот на втората страна од записникот .

Кога завршил состанокот Боки на сведокот му закажал нов состанок истиот ден во 16 ч во хотелот „Александар Палас“ во ресторанот.

„Јас кога дојдов Боки и Зоки веќе беа седнати и разговаравме повторно на тема јас да станам директор на Телеком. На крај ми кажа ‘Размисли како па да се слушнеме и ќе се видиме и ќе се организира средба во Влада’“, вели сведокот во својот исказ даден пред Обвинителството за организиран криминал и корупција на третата страна од исказот на почетокот од страницата.

Понатаму објаснува сведокот дека многу размислувал дали да му се јави на Кондоминас затоа што го фатило срам „…затоа што Боки од една страна се фалеше со негови те блиски релавции со Премиерот и целата Влада, а од друга страна дека може специјалната јавна обвинителка да биде вмешана во вакви работи“ – објаснил сведокот на кому му се нудело да биде генерален директор на Македоснки Телеком.

„Друго немам што да ви кажам“,- заклучил сведокот при испитувањето кое завршило во испитувањето на кое завршило во 11.55 ч во Обвинителството за организиран кпиминал и корупција каде тој одговарал пред Обвинителката Вилма Русковска.

„Никогаш, дури и по цена на живот на оној кој ја знае вистината, таа не останала сокриена. Бенигни се обидите на Премиерот, обвинителката и членови на Владата на СДСМ да ме дискредитираат мене, медиумот чии главен и одговорен уредник сум јас и барањето на Зоран Заев да се извинам.

Да му се извинам на Премиерот за што? Затоа што сум ја пренел вистината? Јас не ги дадов овие искази во обвинителството, овие искази ги дале луѓе кои биле жртви во аферата Рекет. Нека ги гони нив, од мене и од медиумот кој јас го уредувам, извинување нема да добие ниту тој, ниту било кој друг за кого постојат индиции дека бил вплеткан во било какви сомнителни активности“, вели главниот уредник Александар Митовски.