Инспекција ќе утврдува дали дадилката што тепаше дете има лиценца

Инспекцискиот надзор ќе се направа за да се утврди дали Агенцијата ја почитувала Законската регулатива при ангажирање на дадилката и дали таа имала добиено лиценца.

Министерството за труд и социјална политика ќе направи вонреден инспекциски надзор во Агенцијата преку која била ангажирана дадилката кoја тепаше двегодишно дете во скопски Аеродром.

Инспекцискиот надзор ќе се направа за да се утврди дали Агенцијата ја почитувала Законската регулатива при ангажирање на дадилката и дали таа имала добиено лиценца.

Жената од Аеродром од вчера е во 30-дневен притвор.