Инспектор фатен во несовесно работење во службата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Р., самостоен инспектор Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, од 23.02 до 07.08.2020, како самостоен советник за финансиски работи во истата организациска единица, фактурите кои ги примил од една фирма не ги приложил веднаш за евиденција и уредна заверка со приемен штембил, туку ги задржувал кај себе и ги доставил по истекот на предвидениот рок за плаќање.

Поради несовесното и ненавременото извршување на работните обврски на пријавениот, фирмата изготвила каматна листа за задоцнето плаќање, со што бил оштетен Буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.