Инспектори на УЈП вршеле контрола на „Пластичарска“ улица во Скопје

Инспектори од Управата за јавни приходи од Скопје, вршат редовна контрола во продавниците на Пластичарската улица. Инспекторите постапуваат по пријава од граѓани за неиздавање фискални сметки во продавниците на Пластичарска.

Како што соопштуваат од УЈП , контролите поминале без отпор од стопанствениците.

До сега УЈП извршиле контроли за издавање фискални сметки и во Дебар, Кичево, Охрид, Куманово, Дојран и други градови.