Инспектори растуриле свадба во Струга, иако ги колнеле и пцуеле ќе поднесат кривична пријава

Пазарните инспектори упаднале на свадба во Струга кој ја растуриле, а за угостителот во чиј објект се одржала свадбата поднеле кривична пријава и парично го казниле. З време на постапувањето инспекторите биле пцуени и колнети, но не подлегнале на притисокот, вели директорот на инспекцијата, Стојко Пауновски за „А1он“.

„Угостителот бил предупреден претходно. Кога вчера била затекната свадбата, организаторот велел дека имал протисок од тие што ја правеле свадбатаи не можел да одбие за таа да не се одржи. Но, и ние мораме да постапуваме. Инспекторите ја растуриле свадбата и ќе поднесеме кривична пријава. Имало пцуење, колнење, но ако некој ни дал задача да превенираме и да постапуваме, тоа ќе го правиме. Имало објаснување од свадбарите дека се дојдени од странство, дека никој не им дал информација дека не смеат да се одржуваат свадби, а тие морале да ја направат веселбата“.

Газдите на објектот каде се одржала свадбата објасниле дека имале линк во Комисијата за заразни болестиод каде им рекле дека после „Илинден“ ќе можат да се одржуваат свадби и така си испланирале. Но, ѓаволот ни ора ни копа. Сите ги откажале, освен оваа, вели Пауновски за „А1он“.

Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.