Инспекторите на УЈП во затворот Шутка го побарале Боки 13

Инспекторите од УЈП во затворот Шутка на Боки 13 треба да му го врачат налогот за контрола на финансиското работење на неговата организација Меѓународен сојуз.

Инспекторите во затворот влегоа предмалку, но според извори на Сител сеуште не се виделе со Боки 13.

Од извори во затворот, Сител дознава дека утрово Јовановски се жалел на здравствени проблеми каде што интервенирала и брзата помош, но сега тој се чувствува добро.

Налогот треба лично да го добие Бојан Јовановски за да почне проверката на документите во фирмите.

На сите други фирми кои се поврзани со аферата „Рекет“ вакви налози им се доставени и од понеделник ќе почне превземањето на документите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.