Инспекторите за врeме на „Викендот без ДДВ“ констатирале 15 прекршоци од трговците

За време на Викендот без ДДВ инспекторите на Државниот пазарен иснпекторат контролирале дали цените на производите внесени во трговските книги соодветствуаат со оние што се истакнати, а со цел да се спречи можна манипулацја со цените, информира претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција.

– При тоа се констатирани 15 прекршоци на Законот за трговија и заштита на потрошувачите -рече Филиповска-Грашкоска.