Институциите ДКСК, ОЈО, Финансиска полиција се на потег!

Пред пет-шест дена се гласаше за избор на петмина утврдени кандидати редовни професори за ректор на Универзитетот„ Свети Климент Охридски“-Битола (УКЛО), за следните кандидати: Верица Данчевска, Злате Димовски, Јове Кекеновски, Љупче Кочоски и Игор Неделковски. За последните кандидати, а кои се актуелни проректори Љупче Кочоски и Игор Неделковски веќе пишував (види: netpress.com.mk/izbor-na-rektor-na-uklo-bitola/

Своето право на глас го искористиле 270 од вкупно 280 членови на наставно-научниот, наставничките и научниот совет на единиците на УКЛО во кои со право на глас се и 21 преставник од студентите.

Формираната универзитетска изборна комисија, прелиминарно констатирала дека е избран кандидатот за ректор со мандат од три години, почнувајќи од  1 октомври 2022 година, актуелниот проректор за наука проф.д-р Игор Неделковски.

Со оглед на фактот што во повеќе портали беше објавено дека СКАНДАЛОЗНО: Универзитетски менаџмент земал пари од студентски фонд односно Фонд за функционален развој на УКЛО и тоа: ректор, проректори, некои декани и генералниот секретар, со коj узурпирале пари од Фондот за функционален развој на универзитетот. Во реакцијата на УКЛО истите не негираат дека ги зеле паричните средства. Тогаш останува надлежните институции да си постапат согласно нивните законски  надлежности. Да знае македонската читателска јавност и надлежните институции дека таквиот Фонд за функционален развој на универзитетот е со цел развој за подобра и квалитетна настава, наставна-научни лаборатории, литература, развој на единиците со транспарентни побарувања. Треба да се напомене дека единиците  на УКЛО, односно факултетите издвојуваат пет (5%) отсто од приходот на факултетот како интегративни единици на УКЛО. Затоа се поставува логично прашање. Дали се формирани овие фондови за функционален развој за раководството, односно менаџментот на ректоратот?! Сигурно не. Но, според финансиските извештаи, испаѓа дека служи за побогата банкарска сметка на Ректорот, проректори, генерален секретар и некои „подобни декани“…

Од она што може да се утврди од порталот „Отворени финасии“ овие  средства завршуваат на сметките на :

  1. Ректорот на Универзитетот Сашо Коруноски 1.997.595 МКД (триесет илјади евра)
  2. Проректор Игор Неделковски 525 953 МКД ( сега избран за ректор)
  3. Проректор Љупче Кочоски 585 875 МКД
  4. Проректор Марјан Ѓуроски – кој во 138 наврати земал пари од овој фамозен Фонд за функционален развој на УКЛО и тоа од февруари 2020г. до април 2022г. со вкупно 690.000 МКД. Сега именованиот проректор Марјан Ѓуроски се вработува како професор на Филозовскиот факултет-Скопје, на Институтот безбедност одбрана и мир. Аирлија!!!???
  5. Генералниот секретар Офелија Христовска 226 496 МКД
  6. Декан на Факултетот за туризам и и угостителство-Охрид, Цветко Андреески 158 800 МКД
  7. Деканот на Технолошко-техничкиот факултет-Велес Татјана Калевска 164 800 МКД

Дека предходно наведеното е така може да се  провери на следниот линкhttps://open.finance.gov.mk/mk/home, или отворете ја страната на „Отворени  финансии“, напишете го името на ректорот, проректорот или деканот, и наведете го Фондот за функционирање и развој на Универзитетот „Св.Климент Охридаки“-Битола како давател на парични средства.

За жал, наместо овие средства да се користат за квалитет на образованието, да им се олесни студирањето на студентите, со тоа што ќе се инвестира во помагала, системи и структури од материјална природа, средствата се узурпираат ненаменски и бенифит имаат само поединци, а не во интерес на единиците при УКЛО-Битола.

Затоа почитувани институции, од моја страна е доставена писмена подавка-ПРЕТСАВКА до ДКСК, ОЈО, Финансиска полиција. Сега сте на потег!!!

За ваквите напред наведени  незаконитости со злоупотреба на парични средства од Фондот за функционирање и развој на Универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола (УКЛО) е финансиски  образовен криминал, од страна на ректор, проректори и некои декани на овој универзитет, каде што треба да се стави крај, и да се поведат постапки за враќање на паричните средства  и сносат морални и други одговорности согласно законската регулатива.

Затоа, ценам дека напред наведените институции, треба да отворат предмет за ова проневера.

Доставено и до амбасадите во Македонија, како и меѓународни иннституции.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес