По повторените обвинувањаа од ВМРО-ДМПНЕ за формирање групи од полициски службеници блиски на владејачката СДСМ чија цел била вршење притисок и застрашување на активнистиет на опозицијата на локалните избори, во понеделникот од Основното јавно обвинителство соопштија дека ги проверуваат информациите во врска со овие наводи а Внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи, исто така, ќе го истражува „црниот список на возила за отстранување“
„Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави , како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите. Информациите во врска со дадените наводи за кои прашувате се доставени до надлежното основно јавно обвинителство со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела да се постапи согласно законските надлежности“, соопштија во понеделникот од Обвинителството.
Потсетуваатдека во функција е електронската адреса [email protected] на која можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето.
Но од обвинителство не прецизираат дали насоките за проверка се издадени на прилепското обвинителство или пак на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое има посебен оддел за да истражува кривични дела на полицајци. Нема ниту информации дали има наредби за вештачења и за проверка на мобилни телефони или на други апарати со апликација вибер, бидејќи обвинувањата на Ковачки содржат фотографии од комуникација на вибер во група.
Од МВР ги негираат наводите на опозицијата и тврдат дека е отворена внатрешна истрага за утврдување на фактите, затоа што според министерството такви графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого.
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на прес-конференција и денеска обвини дека „наместо во име на законот полицајци делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација во служба на СДСМ вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на прилепската полиција, во неа учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски“.