Интер е новиот лидер во Серија А

FC Inter and SS Lazio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 14 February 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Фдубалерите на милански Интер го преземаа врвот на табелата во италијанското првенство, откако во дербито на 22-то коло на свој терен со 3;1 го совладаа Лацио.

Интер до сигурна предност дојде во првото полувреме со двата погодока на Ромелу Лукаку во 22 минута од пенал кој беше направен врз Лаутраро Мартинез и во 45 минута, кога имаше доста среќа затош еден лизачки старт на Марсело Брозовиќ погоди одбранбен играч на Лацио па топката идеално стаса за удар на белгискиот напаѓач.

Среќата го послужи и Лацио, кога во 61 минута шутот од слободен удар на Сергеј Милинковиќ-Савиќ погоди домашен играч во живиот ѕид, ја промени насоката и го измами Самир Хандановиќ за намалување на 1:2. Но само три минута подоцна Брозовиќ го проигра Лукаку кој претрча половина терен и го проигра Мартинез кој ја погоди празната мрежа за конечните 3:1.

Интер сега има 50 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Милан кој во саботата загуби кај новајлијата во лигата Специја, пред нивната меѓусебната пресметка во следното коло. Лацио остана седми со 40 бодови, колку што имаат и петтиот Наполи и шестата Аталанта.

 

Претходно Аталанта оствари драматична победа од 1:0 на гостувањето кај Калјари. Победничкиот погодок го постигна Луис Фернандо Муриел Фруто во 90 минута, а домашните во продолжението дојдоа до шанса да израмни кога беше досудена најстрога казна во нивна полза, но по интервенцијата на ВАР-от беше променета одлуката на главниот арбитар,

Аталанта е шеста со 40 бодови, а Клајари, за кој ова беше 14-ти последователен натпревар во Серија А без победа, остана во зоната на соашање, 18-ти е со 15 бодови, два помалку од 17-от Торино.

 

Во Џенова домашната Сампдорија ја совлада Фиорентина со 2:1. Домашните поведоа во 31 минута со погодокот на Кеита Балде Диао, а шест минути подоцна за гостите израмни Душан Влаховиќ. Сепак бодовите останаа во Џенова благодарејќи на голот на Фабио Кваљарела во 71 минута.

Сампдорија сега е 10-та со 30 бодови, колку што има и деветтата Верона, а Фиорентина е 16-та со 22 бодови.

 

Рома со сигурните 3:0 го совлада Удинезе. Двоен стрелец бешпе Жордан Верету во 5 и во 25 минута од пенал, а Педро погоди во третата минута од судиското продолжение.

Рома се задржа на третата позиција со 42 бодови, бод повеќе од четвртиот Јувентус и три повеќе од петтиот Наполи, но кои имаат меч помалку. Удинезе е 14-ти со 24 бодиви.

 

Сасуоло оствари гостинска победе од 2:1 кај последниот Кротоне. Доменико Берарди во 14 минута и Франческо Капуто во 49 минута од пенал беа стрелци во Сасуоло, а за Кротоне погоди во 26 минута Адам Оунас.

Сасуоло е безбеден осми на табелата со 34 бодови, а Кротоне и натаму е последен 20-ти со 12 бодови, пет помалку од зоната на спасот.

 

Во понеделник колото го заокружува дуелот Верона – Парма.