Интер го декласираше Милан, Аталанта подобра од Наполи во лудото второ полувреме

AC Milan vs Inter Milan on February 21, 2021 at the San Siro stadium in Milan. (Photo by MIGUEL MEDINA / AFP)

Фудбалерите на Интер во големото миланско дерби во неделата во рамките на 23-то коло на италијанското првенство со 3:0 го совладаа Милан зголемувајќи ја предноста на врвот на табелата.

Интер дојде во водство на самото отворање на натпреварот, во 5 минута кога Лаутаро Мартинез со глава ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума по одличното нафрлување на Ромелу Лукаку. Мартинез го удвои водството на „Нераѕурите“ во 57 минута на аситенција на Иван Перишиќ кој мина по левата страна и од гол-аут линијата ја врати топката во протвиничкиот петерец каде натрча Аргентинецот. Конечките 3:0 ги постави Лукаку во 66 минута со прецизен приземен удар од работ на шеснаесетникот.

Водечкиот Интер сега има 53 бодови, додека Милан остана второпласиран со 49 бодови.

Во вториот дерби меч од колото во Бергамо, Аталанта со 4:2 дома го победи Наполи, за кој до 53 минута играше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, откако првото полувреме заврши без голови.

Откако првото полувреме мина во бледа игра, Диван Запата со глава во 52 минута ја затресе гостинската мрежа, но само шест минути подоцна со одличен удар израмни Пјотр Зјелински. Аталанта по одлична акција повторно дојде во водство по шест минути во 64 минута, а стрелец беше Робин Госенс, а веќе во 71 минута на 3:1 зголеми Лиус Фернандо Муриел Фруто со одличен идар од работ на противничкиот казнен простор. Победата на домашните ја доведе во прашање веќе во 75 стрелецот Госенс, кога овојпат ја затресе сопствената мрежа. Сепак веќе во 79 минута Кристијан Ромеро го постави конечниот резултат.

Аталанта се задржа на четвртата позиција, последната која води во Лига на шампионите со 43 бодови, колку што има и петтиот Лацио, а шестиот Јувентус има 42 бодови, но „Старата дама“ има два натпревара помалку. Наполи остана на седмото место со 40 бодови.

Во првиот неделен натпревар Парма испушти два гола преднот на домашен терен против Удинезе. Стрелци за домашните беа Андреас Корнелиус во 3 и Јурај Куцка во 32 минута од пеналот, а гостите израмнија со головите на Стефано Окака во 64 и Брам Нујтинк 80 минута.

Удинезе остана 13-ти на табелата со 25 бодови, а Парма, пак, остана претпоследна 19-ти со 14 бодови, шест помалку од 17-то место кое гарантира опстанок во Серија А кое го држи Торино.

Во последниот натпревар од колото во неделаата Беневенто и Рома одиграа без голови. Римската „Вочица“ имаше играч повеќе од 58 минута кога бепе исклучен домашниот стопер Камил Глик. Со овој бод Рома сега има 44 бодови, еден повеќе од четвртата Аталанта и петтиот Лацио, а два од Јувентус кој во понеделник игра дома со последниот Кротоне. Беневенто е 15-ти со 25 бодови десет бодови повеќе од 18-от Калјари кој е во опасната зона.