Интер го губи чекорот со водечките

Во вториот дуел од петочната програма на 20-то коло на италијанското фудбалско првенство Фиорентина и Интер одиграа 1:1, а домашните спасија бод во судиското продолжение.

Интер поведе во 55 минута кога одлично реагираше Мауро Икарди, а Фиорентина изедначи во првата минута со голот на Џовани Симеони, синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Интер со освоениот бод сѐ повеќе заостанува на третото место со 44 бодови, зад водечкиот Наполи со 48 и вториот Јувентус со 47 бодови, кои имаат и меч помалку. Фиорентина, пак, е седма со 28 бодови.

Претходно во Верона, иако двата гола на дуелот ги постигнаа домашните играчи Киево и Удинезе, исто така, ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Удинезе има ист број бодови како и Фиорентина, но поради послабата гол-разлика е на осмото место. Киево со 22 бодови е тринаесетто.