Интер го губи чекорот со Јуве

Rome, Italy, 19 July 2020. ANSA/RICCARDO ANTIMIANI

Фудбалерите на второпласиранот тим во италијанското фудбалско првентво Интер не успеаја да ја намалат разликата зад водечкиот Јувентис, откако на гостувањето кај Рома во мечот од 34-то коло во неделата одиграа 2:2.

Интер поведе во 15 минута преку Стефан Де Вриј кој беше највисок во скокот по изведениот корнер, меѓутоа Рома израмни во самата завршница од првото полувреме со погодокот на Леонардо Спинаѕола, а впечаток де дека судијата Ди Бело притоа направи грешка, бидејќи во почетокот на акцијата на Рома не досуди прекршок врз Лаутаро Мартинез.

Домашните направија резултатски пресврт во 58 минута преки Хенрик Мкитарјан. Гостите уште еднаш протестираа дека се оштетени во 70 минута, кога ударот на Ерискен од слободен удар заврши во раката на играч на Рома во „живиот ѕид“. Сепак, Интер пред самиот крај на мечот доби пенал, бидејќи Спинаѕола во 88 минута ја промаши топката и го погоди Мосес во ногата, а реализатор беше Ромелу Лукаку.

Вториот Интер на четири кола до крајот сега има 72 бодови, пет помалку од водечкиот Јувентус кој во понеделник игра со Лацио кој има 69 бодови, а еден повеќе од Аталанта. Рома е петта со 58 бодови.

Фудбалерите на Џенова, на македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, направија во неделата значаен чекор во битката за опстанок во Серија А откако на својот терен во рамките на 34-то првенствено коло со 2:1 го совладаа Лече.

Пред овој дуел Џенова беше 17-та со 30 бодови, еден повеќе од 18-то Лече на местото кое е во зоната на испаѓање, па домашните со оваа победа сега имаат четири бодови повеќе пред последните четири кола.

Џенова поведе многу рано со голот на Антонио Санабрија во 8 минута, а гостите имаа идеална можност да израмнат во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Но, капитенот на Лече не го реализираше пеналот а сепак истиот Марко Манкусо во 61 минута успеа од игра да израмни. Но гостите не успеаја да сочуваат бод, бидејќи во 81 минута ударот на Јегеиле од 25 метри ја погоди стативата а потоа се одби во грбот на голманот на Лече, Габриел, од каде се одби во голот.

На дното беше одигран уште еден дуел за избегнување на последното место, во кој Бреша дома со 2:1 го совлада СПАЛ. Гостите поведоа во 43 минута со голот на Брајан Дабо, но во вториот дел домашните направија резултатски пресврт со двата погодока на Јаромир Жмрхал, во 70 и во 90 минута.

Со овие три бода Бреша дојде до вкупно 24 со кои повторно е на претпоследното 19-то место, девет бодови помалку од зоната на испаѓање, а СПАЛ е последен со 19 бодови.

Фиорентина со автоголот на Лијанко во 3 минута и на Патрик Кутроне во 76 минута дома го совлада Торино. Фиорентина сега е 12-та со 42 бода, а Торино е 15-ти со 37 бодови и се чини дека го има осигурано опстанокот.

Наполи со голот на Матео Наполитано во петтата минута од судиското продолжување на мечот направи пресврт и со 2:1 на домашен терен да го совлада Удинезе. Претходно гостите поведоа преку Родриго де Пол во 23 минута, а израмни Аркадиуш Милик во 32 минута.

Наполи остана на седмото место со 56 бодови, колку што има и шестопласираниот Милан и до крајот на првенството ќе се бори и со Рома за пласман во квалификациите за европските купови. Удинезе остана на 16-то место со 36 бодови, три повеќе од Џенова.

Во првиот меч од неделната програма Сампдорија како гостин со голем пресврт ја совлада Парма со 3:2, иако на полувремето имаше заостанување од два погодока. Домашните водеа со 2:0 со голот на Жервињо во 19 минута и автоголот на Бартош Бережински во 40 минута. Но во вториот дел следеше налетот на гостите, кои преку Јулиан Шабот во 49, Фабио Кваљарела во 70 и Федерико Боназоли во 79 минута го направија чудесниот пресврт.

Парма падна на 14-то место со 40 бодови, а Сампдорија ја мина на 13-то место со бод повеќе.

Во понеделникот водечкиот Јувентус, кој има 77 бодови, го пречекува четвртопласираниот Лацио кој со 69 бодови го држи последното место кое води во Лигата на шампионите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.