Интер го освои Суперкупот во последната минута од продолжението

Fc Inter and Juventus at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 12 January 2022. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Интер се победниците на италијанскиот Суперкуп откако со 2:1 во средата вечерта го совладаа Јувентус, а решавачкиот гол го постигна Алексис Санчез во последните моменти од продолжението.

Кога веќе се чинеше дека прашањето на победникот ќе биде решенот во пенал сериите, Алексис Санчез со погодокпот во 120 минут му ја донесе на Интер победата и шестиот трофеј на победник во италијанскиот Суперкуп. Тогаш Алеск Сандро нафрлената топка во шеснаесетникот невнимателно ја стопираше со гради, Матео Дармиан му ја украде топката, а во продолжението Санчез погоди за победа на првакот во судирот со посвојувачот со националниот куп.

Интер подобро го отвори натпреварот и веќе од 8 минута Лаутаро Мартинез имаше одлична шанса, но шутираше крај голот. „Нераѕирите“ се заканија и во 15 минута, но Един Џеко беше непрецизен.

Но во моментите кога Интер беше подобар на теренот, поведе Јувентус. Македонецот со шведски пасош Дејан Кулушевски се проби по десната стран, нафрли на спротивната страна каде топката ја прифати Алваро Мората, кој ја врати пред противничкиот гол кадешто Местон Меккини највисоко скокна и погоди за 1:0.

Сепак, предноста на торинската „Стара дама“ траеше сеамо десети минути, а Интер израмни од пенал, кој го реализираше Мартинез. Казнениот удар го избори Џеко кој одлично со петица додаде до Иван Перишиќ, а босанскиот репрезентативец се уфрли пред Матија де Шиљо изнудувајќи прекршок. Во самата завршница од првиот дел Перишиќ имаше одлична шанса за пресврт на Интер, но неговиот удар во последен момент со лизгачки старт го блокираше Адриен Рабио.

Во второто полувреме Интер доминираше, го притискаше противникот но не успеа да ја пробие одбраната на Јуве. Најблиску до погодок беше во 59 минута кога Дензел Думфрис шутираше со глава, нао Матија Перин беше наместо и ја одби топката во стативата.

Промена на резултатот немаше ниту во првото продолжување, а се чинеше дека нема да има голови и во второто. Кога тренерите веќе започнаа со одредување на изведувачите на пеналите, се појави Чилеанецот кој погоди за победа.

За тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ова беше седми настап во Супрекупот со што стана нов рекорден меѓу тренерите. Досега го делеше рекордот со легендарниот Марсело Липи кој шест пати водел екипи во италијанскиот Суперкуп.

Јувентус и натаму е рекордер со девет освоени Суперкупиви уште осум порази. Милан е втор со седум троефеи, додека Интер сега има шест трофеи а првиот по 2010 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.