Интер го презема врвот на табелата

Фудбалерите на милански Интер го преземаа врвот на табелата во Серија А откако во последниот натпревар од саботниот распоред на 14-то коло на италијанското првенство на гости славеа кај Каљари со 3:1.

Интер поведе преку Мауро Икарди во 29 минута, а хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ во 55 минута го удвои водството. Клубот од Сардинија намали на 1:2 во 71 минута со голот на Леонардо Паволети, а победата на миланскиот клуб ја осигури Икарди со својот втор гол во 83 минута.

Претходно во саботата Болоња на домашен терен ја совлада Сампдорија со 3:0, а стрелци беа Симоне Верди во 3, Ибрахим М’баје во 23 и Ориџи Оквонкво во 73 минута.

Претпоследната Верона избори важна победа кај Сасуало, славејќи со 2:0 со головите на Зукулин во 22 и Верде во 31 минута. Киево дома го совлада СПАЛ од Ферара со 2:1, а двоен стрелец беше Роберто Инглесе во 66 и 81 минута, иако гостите поведоа во 17 минута со автоголот на Боштјан Цесар.

Интер со победата и со 36 бодови накусо го презема врвот на табелата од Наполи, кој има под помалку но и натпревар помалку.