Интер граби кон Скудетото

Bologna FC vs FC Inter at Renato Dall'Ara stadium, Italy, 03 April 2021. ANSA /ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на милански интер направија уште еден чекор во обидот по долги години да го освојат првенството на Италија, откако во саботата во последниот меч од 29-то коло остварија гостинска минимална победа над Болоња.

Единствениот погодок на мечот за „Нераѕурите“ го постигна Ромелу Лукаку во 31 минута, кога успеа да ја втурне топката преки гол-линијата, откако домашниот голман Раваљија му го одбрани првиот удар.

Водечкиот Интер има 68 бодови, осим повеќе со меч помалку од второпласираниот Милан, кој претходно во саботата одигра 1:1 против Сампдорија, а десет бодови повеќе од третата Аталанта. Болоња њ 11-та со 34 бодови.

 

Во торинското дерби Јувентус во улога на гостин ремизираше со Торино 2:2. „Старата дама“ поведе уште во 13 минута со голот на Федерико Киеза, но Торино направи пресврт со погодоците на Антонио Санабрија во 27 и 46 минута. За Јунветус потоа во 79 минута израмни Кристијано Роналдо.

Јувентус со овој бод е на четвртото место со вкупно 56 бодови, колку што има и петтиот Наполи, против кого во среда ќе го игра заостанатиот натпревар од трретото коло, а за два бода му бега Аталанта. Торино со 24 бодови е на 17-то место, два повеќе со меч помалку од 18-от Калјари кој се наоѓа во зоната на испаѓање.

Резултати:

Милан – Сампдорија 1:1
Аталанта – Удинезе 3:2
Наполи – Кротоне 4:3
Лацио – Специја 2:1
Сасуоло – Рома 2:2
Беневенто – Парма 2:2
Калјари – Верона 0:2
Џенова – Фиорентина 1:1
Торино – Јувентус 2:2
Болоња – Интер 0:1

ТАБЕЛА

1. Интер 27 20 5 2 65-26 65
2. Милан 29 18 6 5 54-34 60
3. Аталанта 29 17 7 5 68-36 58
4. Јувентус 28 16 8 4 56-25 56
5. Неапол 28 18 2 8 62-32 56
6. Лацио 28 16 4 8 45-38 52
7. Рома 29 15 6 8 53-44 51
8. Верона 29 11 8 10 38-34 41
9. Сасуоло 28 10 10 8 47-46 40
10. Сампдорија 29 10 6 13 39-43 36
11. Болоња 28 9 7 12 39-44 34
12. Удинезе 29 8 9 12 32-39 33
13. Џенова 29 7 11 11 31-41 32
14. Фиорентина 29 7 9 13 36-46 30
15. Беневенто 29 7 9 13 30-54 30
16. Специја 29 7 8 14 37-53 29
17. Торино 28 4 12 12 41-52 24
18. Калјари 29 5 7 17 31-50 22
19. Парма 29 3 11 15 28-56 20
20. Кротоне 29 4 3 22 35-74 15