Интер и Ливепрул заинтересирани за Дејан Кулушевски

Фудбалерот на италијанскиот прволигаш Парма, Дејан Кулушевски, кој има македонско потекло, сезонава е еден од најголемите откритија во Европа. Напаѓачот на „млекарите“ игра импресивна сезона, а таквите партии ги натераа големите гигант да се заинтересираат за неговиот потпис.

Во прв план тука спаѓа италјанскиот велика Интер, но покрај нив за Кулушевски се распрашува и Ливерпул, кој испрати скаути да го „скенираат“ младиот Кулушевски.

Кулушевски пред неколку дена дебитираше за Шведска, а тоа значи дека шанста да заигра за Македонија е загубена.