Интер и Наполи со победи дома, Јуве ремизираше на гости

56
ANSA / MATTEO BAZZI

Тројцата претенденти на титулата во италијанското фудбалско првенство во саботата ги одиграа своите дуели од третото коло, по кои Интер со домашната победа над Удинезе се искачи моментално на врвот на Серија А, а домашна победа од 2:0 над Сампдорија оствари и ланскиот вицепрвак Наполи, додека актуелниот шампион Јувентус без голови ремизираше на гости кај Фиорентина.

Клучниот момент на „Сан Сиро“ се чини се одигра во 36 минута кога Удинезе остана со играч помалку. Аргентинскиот фудбалер Родриго де Паул, кому летово му се изјаловија плановите за трансфер токму во Интер, со рака по лицето го удри Антоние Кандрева. Судијата Маурицио Маријани ја прегледуваше снимката од спорната ситуација и се реши за директно исклучување. Удинезе добро се држеше, но во 44 минута попушти кога на асистенцијата од Диего Годин со глава погодок постигна Стефано Сенси.

Интере со третата победа го презема врвот на табелата со максмалните девет бодови, два повеќе од Јувентус кој во првиот натпревар од ова коло одигра 0:0 на гостувањето јах Фиорентина. И двете екипи имаа шански но мрежите на голманите мируваа. За домашните ова беше првиот бод по воведните два пораза.

Наполи рутински ја одработи победата против Сампдорија, а стрелец на двата гола беше Дриес Мартенс, во 13 и 67 минута. Наполи моментално е на 4-то место со шест бодови, а Сампдорија со три пораза и гол-разлика по три кола 1:9 е последна 20-та.

Во недела на распоредот се дуелите Џенова – Аталанта, Бреша – Болоња, Парма – Калјари, СПАЛ – Лацио, Рома – Сасуоло и Верона – Милан, додека во понеделник Торино на домашен терен против Лече ќе се обиде како и Интер да ја постигне третата победа на стартот од сезоната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.