Интер и натаму максимален, нова победа и за Јуве

ANSA/LUCA ZENNARO

Фудбалерите на Интер ја продолжуваат серијата победи во италијанското првенство, откако во саботата вечерта во рамките на шестото коло на гостувањето кај Сапдорија победија со 3:1 запишувајќи ја и шестата победа.

„Нераѕирите“ стасаа до новите бодови иако од 46 минута ограа со играч помалку, поради исклучувањето на Алексис Санчез.

Интер дојде во водстгво во 20 минута со голот на Стефано Сенски, а на 2:0 зголеми Санчез само две минути подоцна. Меѓутоа, чилеанскиот напаѓач на почетокот од второт полувреме го доби и вториот жолт картон поради симулирање. Домашните усепеаја да намалат во 56 минута со голот на Јакуб Јанкто, но во шест минути повторно „плус два“ за Интер донесе Роберто Гаљардини.

Во претходно одиграниот меч Јувентус лесно и очекувано го победи СПАЛ со 2:0.. Головите за актуелниот шампион ги постигнаа Миралем Пјаниќ во последните моменти од првото полувреме, и Кристијан Роналдо во 78 минута. Победата на торинската „Стара дама“ можеше да биде и поубедлива, но гостинскиот голман Етрит Бериша собра осум одбрани, од кои три ткн стопроцентни шанси на домашните фудбалери.

Интер на на врвот со 18 бодови, Јувентус има 16, а третата Аталанта има 10 бодови со меч помалку. Сампдорија е последна со три бода, а СПАЛ е место погорe со исто толку бодови.

Во последниот саботен натпревар Аталанта без проблеми го победи Сасуоло со 4:1 остарувајќи ја и четвртата гостинска победа сезонава. Победникот беше решен по половина час игра кога Аталанта поведе со 3:0. Гостите поведоа во 6 минута со голот на Алехандро Гомез, во 13 минута Робин Госенс зголеми на 2:0, а во 29 минута даде гол за 3:0. До крајот на полувремето меѓу стрелците се впиша и Дуван Запата. Во вториот дел Сасуоло само успеа да го ублажи поразот, а стрелец беше Греогоар Дефрел во 62 минута.

Аталанта со 13 бодови е на третото место, три зад вториот Јувентус и пет бодови помалку од водечкиот Интер, додека Сасуоло со шест бодови е на 10-то место.

Во недела играат Наполи – Бреша, Лацио – Џенова, Лече – Рома, Удинезе – Болоња, Калјари – Верона и Милан – Фиорентина, а во понеделник се игра мечот Парма – Торино.