Интер и Јувентус продолжуваат со победите

6 January 2020. ANSA / CESARE ABBATE

Фудбалерите на Интер и Јувентус забележаа сигурни победи во понеделникот во средбите од 18-то коло над екипи кои се високо пласирани на табелата, продолжувајќи ја мртвата трка на врвот на Серија А.

Интер на гости го совлада Наполи со 3:1, и ова е првата првенствена победа на „Нераѕурите“ во Неапол од 1997 година.

Со головите на Ромалу Лукаку во 14 минута по одлична соло акција и во 33 минута со голема помош на домашниот голман Мерет кому топката мумина низ рацете и низ нозете, Интер поведе со 2:0. Наполи намали преку Аркадиуш Милик, но во 63 минута повторни на два гола предност гостите ги однесе Лаутаро Ма ртинез.

Интер сега има 45 бодови, колку и вторпласираниот Јувентус, а Наполи остана осми со 24 бодови.

Претходно во понеделникот Јувентус го совлада Калјари со 4:0, а сите голови беа постигнати во второто пполувреме. Хет-трик постигна Кристијано Роналдо, противничката мрежа ја погоди во 50-та, во 68-та од пенал, и во 83 минуита, а една минута пред третиот гол на Португалецот стрелец беше и Гонзало Игуаин.

Калраји остана шестопласиран на табелата со 29 бодови, веќе пет бода помалку од местата кои водат во европските натпреварувања.

Златан Ибрахимовиќ дебитираше повторно за Милан по пауза од 2.794 дена, но „Росонерите“ дома одиграа без голови со Сампдорија. Ибрахимовиќ во игра влезе во 58 минута поздравен со овации од 58.000 гледачи на „Сан Сиро“, и уште во првите десет минути имаше два опасни удара со глава.

Милан остана 12-ти на табелата со 22 бода, а Сампдорија сега е 16-та со 16 бодови, еден повече од опаснатра зона.

Аталанта со 5:0 ја торпедираше Парма. Стрелци беа Алехандро Гомез во 12, Ремо Фрулер во 35, Робин Госенс во 44, а во вториот дел двапата, во 61 и 72 минута погоди Јисип Иличич.

Аталанта сега има 34 бодови и е петта, сега само еден бод зад Рома која ја држи последната позиција која следната сезона води во Лигата на шампионите. Парма, пак, остана седма со 25 бодови.

Болоња со голот на Рикардо Орсолини во четвртата минута од судиското продолжение спаси бод пред своите навивали, откако гостите од Фиренца поведоа во 28 минута со голот на Марко Бенаси.

Болоња е 10-та со 23 бодови, а Фиорентина е 15-та со 18 бодови.

Ридриго де Пол постигна погодок во 89 минута со кој Удинезе како гостин го совлада Лече. Тимот од Удине сега 13-ти со 21 бод, а Лече е 17-ти со 15 бодови, еден повеќе од местата кои водат во Серија Б.