Интер испушти два гола предност кај Фиорентина

Фудбалерите на Интер ремизираа на гостувањето кај Фиорентина 3:3 (1:2) во последниот меч од неделната програма од 25-то коло на италијанското првенство.

Фирентина поведе по 77 секунди игра, кога несмасно интервенираше Стефан де Вриј кој под притисок на Џордано Симеоне ја скршна топката во сопствената мрежа, откако Киеза упати приземен центаршут. Но Интер брзо се врати во игра, и израмни во 7 минута преки Матиас Вечино, а во 41 минута погоди Матео Политано за водство на гостите на полувремето. Веќе во 52 минута „нераѕурите“ поведоа со 3:1, откако Иван Перишиќ реализираше пенал. Фиорентина, сепак, успеа да дојде до бод, откако од слободен удар во 75 минута погоди Луис Муриел, а Џордан Веретут реализираше пенал во првата минута од судиското продолжение.

Третиот Интер сега има 47 бодови, девет помалку од второпласираниот Наполи, а два повеќе од четвртиот градски ривал Милан. Фиорентина е деветта со 36 бодови.

Претходно Наполи како гостин убедливо ја совлада Парма со 4:0 (2:0). Стрелци за наполитанците беа Пјотр Зелински во 19, Аркадиуш Малик во 37 и 74 минута, и Адам Оунас. Наполи сега има 56 бодови, 13 помалку од водечкиот Јувентус, а Парма е 13-та со 29 бодови.

Со овие два меча во неделата вечерта заокружено е колото во Серија А, бидејќи одложен е дуелот меѓу Лацио и Удинезе.