Интер му подари голем бод на Ливорно

Уште еден кикс, но сега на гостувањето во Ливорно, запишаа фудбалерите на Интер кои иако имаа предност од два гола, на крајот мораа да се задоволат со само еден освоен бод.

Со головите на Хернанес и Паласио, Интер имаше одлична позитива на крајот од првото полувреме, во вторите 45 минути, прво Паулињо за затресе мрежата на Хандановиќ, а потоа, во листата на стрелци се запиша и Еменгара.

„Не знам до кого ќе се повторуваат овие ситуации. Ова ни се случува цела сезона, секогаш кога играме добро, кога имаме одлична предност на крајот освојуваме само еден бод. Грешката е кај нас, мислевме дека се е готово, дека ќе славиме на ова тешко гостување”, изјави по натпреварот предводникот на „нероазурите”, Валтер Маѕари.

Со погодокот на легендарниот капитен, Антонио Ди Натале, фудбалерите на Удинезе забележа минимален триумф во првенствената пресметка против екипата на Катанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.