Интер не ѝ го дава второто место на Аталанта

227
Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 28 July 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Двете екипи кои веројатно до последното коло на првенството ќе водат израмнета борба за второто место во Серија А во вторникот беа подобри од своите противници во рамките на 37-то коло, Интер дома го совлада Наполи со 2:0, а Парма на гости со 2:1 беше подобра од Парма.

Интер го победи Наполи со головите на Данило Д’Амррозио во 11 миута од мешанцица во противничкиот шеснаесетник и  Лаутаро Мартинез во 74 минута. Цел меч на наполитанците одигра македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз кој имаше еден добар соло пробив во првото полувреме откако по водството домашните се определија за игра на брзи противнапади, и уште еден добар шут од дистанца во второто полувреме

Претходно во вторникот Аталанта ја продолжи серијата од 17 првенствени кола без пораз, откако како гостин ја победи Парма со 2:1, која го дожиевеа седмиот пораз во последните десет натпревари.

Повторно за Парма стрелец беше Швеѓанецот со македонски корени Дејан Кулушевски кој го доведе во водство домашните во 43 минута. Но тимот од Бергамо успеа да израмни во 70 минута со голот на Руслан Малиновски, а шест минути пред крајот на мечот победата ја донесе Алехандро Гомез.

Интер сега има 79 бодови, бод повеќе од Аталанта, а одлуката за вицешампионот ќе го реши новниот меѓусебен дуел во последното коло. Јувентус е на врвот со 83 бодиви и уште минатото коло ја прослави деветтата последователна титула, а вкупно 36-та во историјата.

Наполи остана седми со 59 бодови и сега може спокојно да се концентрира на реванш дуелот во Лигата на шампионите со Барселона. Парма, пак, моментално е деветта со 46 бодови.

Во среда се играат дуелите Лацио – Бреша, Удинезе – Лече, Верона – СПАЛ, Сампдорија – Милан, Сасуоло – Џенова, Фиорентина – Болоња, Торино – Рома и Калјари Јувентус.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.