Интер не се откажува од Јоветиќ

Спортскиот диерктот на италијанскиот калчо гигант Интер, Пиеро Аусилио откри дека новиот сопственик на “нероазурите”, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир се уште се нема откажано од намерата да ги осигура услугите на црногорскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, Стеван Јоветиќ.
“Пред неколку месеци остваривме контакт со раководните лица на Манчестер Сити со цел да ги информираме дека сме сериозно заинтересирани за услугите на Стеван Јоветиќ. Челниците на Сити веднаш не информираа дека Јоветиќ не е за продажба дека сигурно ќе остане “Итихат”. До пред неколку дена мислевме дека Стеван е нереална опција, но сега сме убедени дека сите опции се во игра до 2 септемри, до официјалниот крај на летниот преоден рок”, изјави Аусило.
Италијанските медиуми се убедени дека големата желба на Тохир може да стане реалност само доколку офцијалната понуда за крилниот напаѓач на Манчестер Сити не биде помала од 25 мил. евра.