Интер остана во трката со Милан за скудетото

Inter's goalkeeper Samir Handanovic during the Italian Serie A soccer match Cagliari Calcio vs FC Inter at Unipol Domus stadium in Cagliari, Sardinia island, Italy,15 May 2022 ANSA/FABIO MURRU

Фудбалерите на Интер остана во трката за титулата во Италија со градскиот ривал Милан, откако во последниот неделен натпревар во претпосленото првенствено коло славеа со 3:1 на гостувањето кај Калјари.

Интер беше убедливо подобар од Калјари кој гречвито се бори за опстанок во Серија А, а надмоќта ја материјализираше во 25 минута кога Иван Перишиќ од левата страна испрати употреблив центаршут а Матео Дармијан со глава ја погоди домашната мрежа.

Во 51 минута Лаутаро Мартинез го постигна својот 20-ти гол сезонавата и ја удвои предноста на Интер. Грчкиот бек на домашните Харалампос Ликојанис само две минути подоцна со „бомба“ од 20-ина метри откосо од левата страна го совлада Самир Хандановиќ и му донесе надежи на Калјари во можен пресврт. Но нив го згасна со својот втор погодок на мечот Лаутаро Мартинез во 85 минута.

Со оваа победа Интер во пресрет на последното коло остана на два бодат зад Милан кој на својот „Сан Сиро“ ја победи Аталанта со 2:0.

Во последното коло Интер ја пречекува Сампдорија, а Милан му гостува на Сасуоло. На „Росонерите“ ќе им биде доволен и еден бод, бидејќи се подобри во меѓусебните првенствени соочувања од „Нераѕурите“

Калјари, пак, остана на 18-то место, коешто води во Серија Б, со 20 бодови, два помалку од Салернитана со којашто единствено може да го замени местото. Но тоа може да го стори единствено доколку во последното коло Калјари на гости ја победи веќе отпишаната последна Венеција, а Салернитана биде дома поразена од Удинезе за кого натпреварот нема никакво значење.