Интер пак втор, Џенова повторно на работ на испаѓање

216
Ferrara, Italy, 16 July 2020. ANSA / ELISABETTA BARACCHI

Во последниот дуел од четврточната програма од 33-то коло на италијанската лига, Интер со 4:0 славеше на гостувањето кај СПАЛ, додека Џенова беше лесно победена со 0:3 кај Торино.

Интер го одигра еден од најдобрите натпревари во последниот период и лесно славеше со погодоците на Антониот Кандрева во 38, Кристијано Бораги во 56, Алексис Санчез во 61 и Роберто Гаљардини во 75 минута.

До крајот на првенството има уште пет кола, а Интер заостанува зад водечкиот Јувентус шест бодовои, а има бод повеќе од третата Аталанта, и два од следниот Лацио. СПАЛ е последен со дури 11 бодови под местото кое гарантира опстанок и практично е отпишан од Серија А.

Во претходно одиграниот дуел, Торино ја совлада Џенова на Горан Пандев со головите на Глејсон во 32, Саша Лукиќ во 76 и Андреа Белоти во 90 минута.

Торино е 15-ти со 37 бодови, осум повеќе од зоната на испаѓање. Но Џенова остана на 30-те бодови со кои е на 17-то место, последното кое нуди спас во Серија А, но само бод повеќе од Лече кое е на 18-то место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.