Интер подготвен да се раздели со Мартинез за 111 милиони евра

ANSA / MATTEO BAZZI

Раководството на Интер ќе го ослободи Лаутаро Мартинез доколку потенцијалниот купувач ја активира откупната клаузула наведена во договорот на Аргентинецот.

„Неразурите“ се подготвени да се разделат со својот напаѓач исклучиво за 111 милиони евра, поради што дури немаат намера да разгледаат други опции за евентуален трансфер.

Мартинез му се придружи на Интер во 2018 година за 25 милиони евра, а неговата плата е  само два милиона евра годишно.

Клубот според новиот договор му понуди четири милиони евра.

Барселона, Челзи и Манчестер сити можат да понудат најмногу 10 милиони евра, но проблем е високата откупна клаузула за предвремен раскин на договорот со Интер.

Дваесет и двегодишниот Мартинез има 16 голови и четири асистенции на 31 натпревар до прекинот на сезоната 2019/20.