Интер поразен дома од Наполи во полуфиналето на купот

12 February 2020. ANSA/MATTEO BAZZI

Во првиот натпревар од полуфиналето на италијанскиот фудбалски куп, Наполи на гостувањето во Милано со 1:0 го совлада водечкиот тим во првенството Интер.

Победничкиот гол за наполитанците го постигна Фабијан Руиз во 57 минута. Реванш натпреварот ќе се одигра на 5-ти мат во Неапол.

Втората полуфинална двојка на сочинуваат Јувентус и Милан. Првиот меч се игра во четврток во Торино, а реваншот е на 4-ти март на милански „Сан Сиро“.

Финалето е закажано за 13-ти мај на римски „Олимпико“.