Фудбалерите на Удинезе во првиот меч од неделната програма на седмото коло на италијанското првенство на домашен терен го совлада Интер со 3:1 и привремено го заземаа врвот на Серија А.
Гостите од Милано поведоа во Удине уште во 5 минута, по одлично изведениот слободен удар на Николо Барела. Домашните до израмнувањето дојдоа во 22 година со автоголот на Милан Шкрињар, а словенечкиот играч Јака Бикол ги доведе во водство во 84 минута. Конечниот резултат го постави Толгај Арслан во трета минута од судиското продолжение.
Удинезе во моментов е прв на табелата со 16 бодови, а Интер се седми со12 бодови.
Подоцна се играат дерби дуелите Рома – Аталанта и Милан – Наполи. Наполи моментално има 14 бодови, колку што имаат и Аталанта и Милан, но со послаба гол разлика, а Рома е петта со само бод помалку.
Големо изненадување направија играчите на Монца кои на својот терен го победија со 1:0 великанот Јувентус и ја остварија првата победа во Серија А во историјата на клубот.
Монца, клуб кој е во сопственост на поранешниот премиер и сопственик на Милан, Силвио Берлускони, својата премиерна сезона во Серија А влезе со само еден бод од шест кола. Ниту Јувентус не ја отвори подобро сезоната, Максимилијан Алегри доби само два од осумте натпревари годинава. Сепак, торинската „Стара дама“ беше беспоговорен фаворит пред денешниот меч.
Но играчите на Јувентус се мачеа да создадат каква и да е шанса за погодок, а фрустрациите на гостите дополнително пораснаа кога Анхел Ди Марија во 42 минута доби директен црвен картон поради очигледниот удар со лакт во градите на Армандо Иѕо. Ова е првиот црвен картона поранешниот играч на ПСЖ во првенство од април 2017 година против Нива.
Монца дојде до победата со погодокот на Кристијан Гиткјаер во 74 минута, и сега со четири бодови го избегна последното место на табелата и се искачи на 18-то. Јувентус осми со 10 бодови колку што има и градскиот ривал Торино.
Лацио рутински дојде до трите бода на гостувањето кај Кремонезе кого го совлада со убедливи 4:0. Гостите целата работа ја завршија во првото полувреме кога погодија Чиро Имовиле во 7 и во 21 минута од пенал, а во втората минута од судиското продолжение на првиот дел погоди и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Во вториот дел меѓу стрелците се впиша и Педро, во 79 минута.
Лацио моментално со 14 бодови се искачи на петтата позиција, додека Кремонезе остана претпоследен 19-ти со два бода.
Фиорентина со погодоците на почетокот и на крајот од мечот пред своите навивачи ја совлада Верона со 2:0, а стрелци беа Џонатан Иконе во 13 и Николас Гозналес во 90 минута. Фиорентина е 10-та со девет бодови, а Верона со пет бодови е 17-та.