Интер преку Калјари во четврфиналето на Италијанскиот куп

ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на милански Интер со убедливата домашна победа од 4:1 (2:0) против Калјари се пласираа во четврфиналето од Италијанскиот куп.

Интер поведе уште по само 20-ина секунди игра преку Ромелу Лукаку, а водството го удвои Борха Валеро во 22 минута, за Лукако со својот втор погодок во 49 минута да ги реши дилемите околу победникот. Намали Олива во 72 минута, а на 4:1 зг0чем,и Ранокиа во 80 минута.

Интер во четврфиналето ќе игра против победникот од дуелот Фиорентина – Аталанта, кој се игра во среда.

Во вторникот меѓу осумте најдобри се пласираа и Наполи кој со 2:0, со двата гола на Инсиње од пенал впо 26 о 38 минута ја победи Перуџа, и Лацио кој со 4:0 го совлада Кремонезе.

Минатата седмица во четвртфиналето се пласираше и Торино, а во среда се играат мечевите Фиорентина – Аталанта, Милан – СПАЛ и Јувентус – Удинезе, а Парма и Рома ќе се пресметаат во четврток.