Интер се израмни со Лацио

Milan 13 July 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Во последниот натпревар од 32-то коло на италијанското фудбалско првенство во понеделникот вечерта на милански „Сан Сиро“ Итнер со 3:1 го победи Торино и скокна на второто  место на табелата.

„Нераѕурите“ до победата стасаа со резултатски пресврт во второто полувреме. Торино поведе во 17 минута со голот на Андреа Белоти кој ја искористи големата грешка на Самир Ханданович. Словенечкиот репрезентативен голман по изведен корнер ја испушто топката од рацете, што снаодливо го искориси Белоти за кого ова е 15-ти погодок сезонава.

Гостите заминаа на полувреме со предност, но во првите 15 минути од вториот дел дозвилија да бидат целосно надиграни. Израмни Ешли Јанг во 48 минута, а три минути подоцна Диего Годин погоди за водство, а победата практично ја потврди во 61 минута Лаутаро Мартинез.

Интер со оваа победа скокна на второто место на табелата со 68 бодови, колку што има и третиот Лацио. Аталанта е четврта со 67 бодови, а на чело е Јувентус со 76 бодови на шест кола до крајот на првенството. Торино е 16-ти со 34 бодови, пет повеќе од зоната на испаѓање од Серија А.