Интер со голем пресврт го доби „Дерби дела Мадонина“

Во едно од најголемите дербија на италијанскиот фудбал, познато како „Дерби дела Мадонина“, Интер со совлада Милан со 4:2, и покрај тоа што противникот водеше со 2:0,

Беше прикажан одличен фудбал со шест голови и уште бројни неискористени шански на двте страни, а Интер со четврата последователна победа против градскиот ривал се проби на врвот на Серија А со 54 бодови, колку што има и актулениот шампион Јувентус, додека Милан е деветти со 32 бода.

Милан повеќе од четири години нема забелажано победа во дуелите со градскиот ривал, а последен пат го совлада Интер на 31-ви јануари 2016 година со 3:0. Потоа „Росонерите“ загубија четири меча а трипати одиграа без победник.

Во неделата вечерта, исто така, Милан ја прекина својата низа без порази на пет натпревари во првенството. Последен пат беше поразен на 22-ри декември 2019 година на гостинскиот натпревар кај Аталанта со 0:5. Интер, пак, нема доживеано пораз на 15 последователни првенствени натпревари, а последен пат беше совладан на 6-ти ноември 2019 година на домашниот натпревар со Јувентис со 1:2.

Милан водеше по првото полувреме со 2:0, со головите на Анте Ребиќ во 40 и Златан Ибрахимовиќ во првата минута од судиското продолжение, но Интер во продолжението направи целосен пресврт со четири голови, а стрелци беа Марсело Брозовиќ во 51, Матиас Весино во 53, Стефан де Вреј во 70 и Ромелу Лукако во третата минута од судиското продолжение на мечот.

Милан може да дојде во водство уште во 9 минута, но ударот на Хакан Чалхонглу од 20-ина метри заврши во рамките на голот. Во 18 минтуа возврати Диего Годин кој по нафрлување од корнер со глава шутираше малку крај голот.

Многу подобрата игра во првиот дел Милан ја ефектуираше во 40 минута, кога Инрахимовиќ со долга топка го проигра Ребниќе кој лесно реализираше. Во последните моменти од првото полувреме по изведениот корнер Кеси ја префрли топката на втората статива каде Ибрахимовиќ со глава стрелаше за 2:0.

На отворањето на второто полуврмее Интер успеа да се врати во игра и да израмни за само осум минути. Во 51 минута Борозвиќ израмни со удар од работ на шеснаесетникот, а две минути подоцна за 2:2 погоди Весино. Домаќините во водство минаа во 70 минтуа кога Де Вриј по корнер со глава го совлада Џанлуиџи Донарума. Интер во 80 минута можеше да го удвои водството, но Кристијан Ериксен од слободан удар од повеќе од 25 метри ги погоди местото каде што се сппојуваат дирекот и пречката. Милан во 90 минута можеше да извлече бод, но и ударот на Ибрахимовиќ заврши во стативата. Три минути подоцна сите дилеми ги реши Лукаку.

Претходно во неделата Лацио на гостувањето минимално ја победи Парма со голот на Фелипе Каиседо во 41 минута, постѕигнувајќи го осмиот погодок сезонава.

Лацио ја продолжи серијата без пораз од 18 првенствени кола. Последниот пораз „Небесносините“ беа поразени кон крајот на ланскиот септември од Интер со 0:1, а потоа врзаа 14 победи и 4 ремија.

Лацио сега има 53 бодови и е на третот место, со бод помалку од вторпласираниот Јувентус, а Парма е деветта со 32 бода.