Интер со пресврт до победа над Парма, нов успех на Аталанта

49
Italy, 28 June 2020. ANSA / ELISABETTA BARACCHI

Во последниот меч од 28-то коло на италијанското фидбалско првенство, Интере на гостувањето кај Парма направи пресврт во последните пет минути од натпреварот и победи со 2:1.

Парма имаше водство и низа одлипчни шанси, но сето тоа го упропасти со несфатливи пропусти во последните пет минути.

Жервињо погоди во 15 минута за водство, а Парма потоа имапе уште неколку фантастични шанси. Но данскиот напаѓач Андреас Корнелиус не реализираше три „зицера“. Најдобрата шанса ја имаше во 29 минута кога излезе сам пред гостинскиот голман Самир Хандановиќ, но го префрли целиот гол.

Интер израмни во 83 минута преки Стефан де Ври, а веќе во следната минута домашните останаа со играч помалку по исклучувањето на Јурај Куцка. Гостите бројната предност во поле ја искористија во 86 минута со погодокот на Алесандро Бастони.

Интер со новите три бода се зацврсти на третата позиција со 61 бод, четири помалку зад второпласираниот Лацио и осум зад водечкиот Јувентус. Парма со овој пораз му дозволи на Милан да ѝ побегне на три бода разлика, и е осма со 39 бодови.

Фудбалерите на Аталанта остварија важна победа во борбата за Лигата на шампионите остварувајќи гостинска победа кај Удинезе со 3:2, искористувајќи го поразот на Рома кај Милан.

Петтата последователна победа на Аталанта во дуелите со Удинезе ја донесоа Дуван Запата во 8 и двојниот стрелец Луис Муриел во 71 и 79 минута, додека во тимот од Удине двоен стрелец беше Кевин Лазања во 31 и 87 минута.

Аталанта остана на четвртата позиција, последната којашто води во Лигата на шампионите со 57 бодови, девет повеќе од петтиот милан на девет кола до крајот на шампионатот. Удинезе, пак, остана на 15-та позиција со 28 бодови, само три повеќе од 18-то место на кое е Лече а кое води во доигрување за опстанок во Серија А.

Три бода освои и Наполи, кој на своето игралиште со 3:1 го победи СПАЛ. Стрелци за домашните беа Дрис Мертенс во 3, Хозе Каљехон во 36 и Амин Јунес во 78 минута, додека за гостите во 29 минута израмни Андреа Петања.

Наполи се одржа на шестото место со 45 бодови, три помалку од Рома во трката за пласман во Европската лига, додека СПАЛ е веќе оптишан со само 18 бодови.

Сасуоло и Верона одиграа одличен меч со шест погодоци и многу пропуштени шанси, а на крајот ги поделија бодовите со резултат 3:3. Верона имаше водство од 1:0 и 3:1, но Сасуоло успеа да извади бод со голот во последните секунди од судиското продолжение на натпреварот.

За домашните стрелци беа Жереми Бога во 53 и 77 минута и Рожерио во седмата минута од судиското продолжение, а за Верона погодија Дарко Лазовиќ во 51, Мариуш Степински во 57 и Матео Песина во 68 минута.

Верона е деветта со 39 бодови, а Сасуоло е три места подолу на табелата со пет бодови помалку.

Во првиот неделен натправае Милан на „Сан Сиро“ ја совлада Рома со двата погодока постигнати во последноте петнаесетина минути од дуелот. Стрелци беа Анте Ребиќ во 76 и Хакан Чалханоглу во 89 минута од пенал.

Милан сега е седми со 42 бода, три помалку од шестиот Наполи, а Рома остана на 48 бодови на петтото место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.