Интер со пресврт до врвот во Серија А и клупски рекорд, Наполи киксна со Џенова

ANSA / ROBERTO BREGANI

Милански Интер во саботата повторно се качи на врвот на табелата на Серија А, откако со пресверт со 2:1 ја победи Верона на својот „Сан Сири“, во 12-то коло од италијанското фудбалско првенство, и во моментов има два бода повеќе од Јувентус кој во недела вечер во Торини го пречекува Милан.

Гостите од Верона поведоа во 19 минута кога Валерио Вере реализирапе пенал. „Нераѕурите“ се обидуваа да ги скршат гостете во продолжението, а тоа им успеа во 65 минута кога израмни Матиас Векино, а седум минути пред крајот на мечот Николо Бареља ја донесе победата.

Ова е веќе десетта победа за Интер сезонава, со по еден порази и реми. Покрај тоа, екипата на Антонио Конте постигна барем по еден гол во сите досегашни 12 кола, што е само вторпат во клупската историја по сезоната 1997/1998 година.

Во последниот меч во саботата Наполи по турбулентната седмица во која играчките се судрија со претседателот на клубот, ја продолжи кризата со ремито без голови со Џенова на Горан Пандев, која освои важен гостински бод во борбата за бегство од долниот дел на табелата.

Наполи сега е седмио со 19 бодови, а Џенова е 17-та со девет бодови, само бод односно два повеќе од местата кои водат во понизок ранг.

Во првиот меч во саботата Торино славеше со 4:0 на гостувањето кајх Бреша. Двоен стрелец од пенал беше Андреа Белоти во 18 и 27 минута, а два погодока за победниците постигна и Алес Беренгуер во 76 и 81 минута. Торино е 11-ти со 14 бодови, а Бреша останува претпоследна 19-та со седум бодови.

Во петокот вечерта Сасуоло со 3:1 ја победи Болоња.

Неделната програма ја отвора дуелот Калјари – Фиорентина, па следуваат попладневните мечеви Лацио – Лече, Сампдорија – Аталанта, Удинезе – СПАЛ и Парма – Рома, а вечерта е резервирана за дербито Торино – Милан