Интер убедлив кај Салернитана, како и Лацио со Џенова

US Salernitana vs FC Inter at the Arechi stadium in Salerno, Italy, 17 December 2021. ANSA/MASSIMO PICA

Во двата петочни дуела од 18-то коло на италијанското фудбалско превенство Интер беше сигурен со 5:0 на гостувањето кај Салернитана, а Лацио на домешен терен немаше проблеми и со 3:1 ја порази Џенова.

Интер со победата ја потврди лидерската позиција. Серијата погодоци ја отвори Иван Перишиќ во 11 минута кога со глава го реализираше нафрлувањето од корнер на Хакан Чалханоглу. Следеа погодоците на Дензел Димфрис во 33, Алексис Санечез во 51, Лаутаро Мартинез во 77 и Роберто Гиљардини во 87 минута.

Интер е прв со 43 бодови, а го следат Милан со 39, Аталанта со 37 и Наполи со 36 бодови и сите имаат меч помалку. Салернитана остана последна 20-та со 8 бодови, четири помалку од зоната на испаѓање.

Претходно на римски „Олимпико“ Лацио со 3:1 ја победи слабата Џенова, за која до 60 минута играше македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Лацио имаше водство од 3:0 остварено со голивите на Педро во 36, Франческо Ачерби во 75 и Матија Закањи во 81 минута, а за Џенова стрелец беше резервистот Филипо Мелегони во 86 минута.

Лацио моментално е осми со 28 бодови а го загрозува Емполи кој има два бода и меч помалку. Џенова со само една првенствена победа сезонава остана на 10 бодови и е претпоследна 19-та, а во сабота и недела Калјари и Специја имаат шанса бодовно да ѝ побегнат во борбата за опстанок.

Саботната програма започнува со дерби дуелот меѓу Аталанта и Рома, Јувентус ѝ гостува на Болоња, а Калјари му е домаќин на Удинезе.

Во недела на распоред се дуелите Фиорентина – Сасуоло, Специја – Емполи, Торино – Верона, Сампдорија – Венеција и пресметката Милна – Наполи.