Интер уверлив, победа на Верона, реми на Милан

Milan 01 July 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Во средбите од  29-то коло на италијанското фудбалско првенство Интер на својот „Сан Сиро“  ја победи Бреша со дури 6:0, додека Милан на гостувањето кај СПАЛ одигра 2:2, додека Верона во возбудлив меч ја совлада Парма со 3:2.

Интер рутински стаса до победата против еден од најголемите кандидати за испаѓање од Серија А. Головите за „Нераѕурите“ ги постигнаа Ешли Јанг во 5, Алескис Сначез во 20 од пеннал, Данило Д’Амброзио во 45 минута, Роберто во Гаљиардини во 53, Кристијан Ериксен во 83 и Антонио Кандрева во 88 минута.

Интер се зацврсти на третата позиција со 64 бодови, четири помалки од вториот Лацио и осум зад водечкиот Јувентус. Бреша и натаму е последна со 18 бодови, осум помалку од местата кои гарантираат опстанок.

За разлика од градските ривали „Росонерите“ освоија само бод на гостувањето кај СПАЛ израмнувајќи на 2:2 дури во четвртата минута од судиското продолжение.

Домашните поведоа во 13 минтуа со голот на Матија Валтои, а во 29 минута зголеми Серџо Флогаир. Во последните моменти од првото полувреме СПАЛ остана со играч помалки, откако беше исклучен Марко Д’Алесандро, што го искористи Милан во вториот дел. Рафаел Леао во 80 минута намали на 1:2, за бодот на гостите им го донесе Фрначеско Викари кој несреќно ја втурна топката во сопствената мрежа.

Милан со 43 бодови е седми и се чини го губи чекорот во трката за квалификциите во Европската лига. СПАЛ, пак, остана претпоследени 19-ти со 19 бодови.

Верона во мечот кој го одбележаа пресвртите, ја совлада Парма со 3:2. Гостите поведоа со 1:0, Верона потоа направи пресврт на резултатот, за Парма да израмни на 2:2, но на крајот домашните изборија победа.

Стрелци за Верона беа Самуел ди Кармине од пенал во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме, Матија Закањи во 54 и Матео Песина во 81 минута, додека за Парма водечкиот погодок го постигна шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски во 14 минута а потоа погоди и Рокардо Гаљоли во 64 минута.

Верона дојде до осмото место на табелата со 42 бода, додеа Парма остана десетта со 39 бодови.

Фиорентина дома загуби од Сасуоло со 1:3. Головите за гостите ги постигнаа Григори Дегрел во 24 минута од пенал и во 36 минута, и Мерт Мулдур во 60 минута. Стрелец за „Виолите“ бепе Патрик Кутроне во 89 минута.

Фиорентина е 13-та со 31 бод, а Сасуоло е место погоре со шест бодови повеќе.

Болоња и Калјари одиграа 1:1. Домашните поведоа во последните моменти од првото полувреме со голот на Миса Маров, а на почетокот од вториот дел израмни Џовани Симеоне.

Болоња е 11-та со 38 бодови, а Калјари е деветти со 39 бодови.

Во вторникот водечкиот тандем Јувентус и Лацио остварија гостински победи, од 3:1 кај Џенова, односно од 2:1 кај Торино.

Во четврток колото го затвораат дуелите Аталанта – Наполи и Рома – Удинезе.