Интересни факти за филмот „Џокер“ што го прават уште поинтересен

Откако пред една недела почна да се прикажува во кината ширум светот, филмот „Joker“ со Жоакин Феникс во главната улога на Џокерот, е главна тема на разговор за филмските критичари и обожаватели.

Мислењата на публиката и критиката се главно позитивни, иако има некои кои сметаат дека филмот е премногу насилен и ги глорифицира насилството и психичките проблеми.

Без разлика дали сте го гледале или не, и дали ви се допадна или не, овие интересни факти за филмот на кој му се предвидува Оскар сигурно ќе го задржат вашето внимание.

#1 Жоакин Феникс го создал смеењето на Џокерот проучувајќи видеа со луѓе кои боледуваат од патолошко смеење

 

#2 За улогата на Џокерот, Феникс почнал строг режим на исхрана и ослабел 23,6 килограми

#3 Пред да почнат со снимање, режисерот Тод Филипс му рекол на Феникс дека го замислува смеењето на Џокерот „како нешто што е речиси болно“

#4 Сцената со танцувањето во вецето била импровизација на лице место од страна на Феникс

#5 Филмот доби осум минути овации на премиерата на Филмскиот фестивал во Венеција

#6 Ликот на Артур Флек, кој ќе стане Џокерот, бил направен специјално за Жоакин Феникс

#7 Роберт де Ниро е омилениот американски актер на Феникс, но двајцата многу малку комуницирале за време на снимањето

#8 Pornhub откри дека имало 741.000 пребарувања за содржини „Joker“ на популарниот порнографски сајт откако филмот почна да се прикажува во кината во почетокот на месецов.